Трофеј Македонија успешен за нашите каратисти, а неколку репрезентации не допатуваа

На „Трофејот Македонија“ првите места од нашите каратисти ги освоија Емил Павлов -60 кг, Берат Јакупи -84 кг и Жарко Арсовски +84 кг во машка конкуренција и Ангела Мојсовска во женска. Македонија освои 21 медал – 4 златни, 8 сребрени и 9 бронзени.

Берат во финалето славеше против Петар Спасеновски. Петар Заборски -75 кг го освои сребрениот медал, бидејќи во финалето загуби од репрезентативецот на Турција Самед Гок, а Виктор Крстевски е трет. Давид Петков -67 кг е втор, а Константин Василевски трет. Горан Николов е трет во -60 кг, а Мартин Несторвски е трет во +84 кг. Медали освоија и Доан Османи (-75 кг) и Стефан Петков (-75 кг) бронзени.

Во женска конкуренција сребрени медали освоија Драгана Манговска (-50 кг), Моника Пендароска -55 кг), Бојана Манева (-68 кг) сребрен и Наташа Стефановска (-61 кг), а Моника Стефановска (-68 кг) и Јована Георгиева (-55 кг) бронзени

И Ферри Исиќ се закити со сребро во кати, Матеа Талеска бронза.

Трофејот Македонија не испадна како што се очекуваше, затоа што репрезентациите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина го откажаа учеството, а Косово не дојде со најдобрите натпреварувачи, Албанија и Бугарија дојдоа со малку каратисти, Турција и Словенија ја одбранија честа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО