Боксерските клубови во Македонија утре ја почнуваат трката за најдобра екипа во Првата бокс лига и Младинската лига. Еден од аспирантите за шампионската титула е и БК Чаир од Скопје.
„Ќе учествуваме на сите натпревару во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција, како и на екипното првенство. На екипното првенство ќе атакуваме на титулата, затоа што имаме кавлитетен тим, а тоа го покажавме на последното Државно првенство во Штип“, вели првиот човек на на БК Чаир и кадетски европски шампион, Фатон Салиху.
Салиху нагласува дека најважна работа во шестте кола од Првата лига е што боксерите ќе се стекнат со потребното искуство. Исто така и на другите екипи и посакува да имаат што повеќе мечеви.
Сепак, плановите на Салиху и БК Чаир се подалекусежни.
„Оваа година, според калнедарот, имаме три меѓународни турнири кои се на ЕУБЦ листата: Адем Јашари, Златен гонг и Златна ракавица. Мислиме дека нашите боксери ќе се прикажат во најдоброто издание и ќе се наметнат од нашиот селектор“, истакнува Салиху кој потенцира дека е дел од стручниот тим на репрезентацијата и дека максимално ќе се вложи да му помогне на селекторот Петар Чурлиновски што подобро да се подготват нашите репрезентативци за овие турнири, посебно за Златниот гонг.
„Боксеритре на Чаир имаат квалитет и ќе се борат за место во репрезентацијата“, категорично истакнува Салиху и додава:
„Ние, како БК Чаир, почнавме со млад кадар кој за кратко време освои титули во Република Македонија. Но со малку повеќе искуство кое ќе го стекнеме оваа година, во 2018 година очекувам повеќе наши боксери да обезбедат место во репрезентацијата кои потоа ќе ги праќаме на турнири на АИБА. Кој ќе биде најдобар на тие турнири ќе оди на Европското превнство. Сепак, последниот збор го има селекторот Петар Чурлиновски“.
Ipon.mk/В.Д.