Фамилијата Рустемовски обезбеди три финалиња за Македонија на Балканското првенство во бокс во Лозница, Србија. Денес сениорите Ален и Ружди Рустемовски со маестрални изведби обезбедија две сениорки финалиња, а Ардијан порано се избори за борба за златниот медал.
Ова е еден од најголемите успеси на балканските првенства во поновата македонска бокс историја.
Ален Рустемовски славеше со прекин во втората ринда против Михајло Џекиќ од Босна и Херцеговина, додека Ружди го победи Украинецот Русијан Шилов со едногласна судиска одлука 5-0. Ружди одлично избоксира, притоа го натера Шилов да ја прифати неговата борба, па со отворен гард го мамеше и му задаваше прецизни удари.
Ебуталип Агушев и Лука Трифуновиќ загубија со прекин во првата рунда од украинските боксери кои демонстрираа техничка надмоќ и брзина, додека Енис Алиу беше поразен со прекин во втората рунда.
Агушев, Трифуновиќ и Алиу освоија бронзени медали.
Резултати – Балканско првенство:
Млади
54 кг Ардијан Рустемовски – Стивен Џиџи (Албанија) 4-1 ½ финале
Финале
54 кг Ардијан Рустемовски – Максим Зименко (Украина) финале 22 ноември
57 кг Ебуталип Агушев – Максим Шулха (Украина) 0-5 ТКО Р1½ финале
67 кг Лука Трифуновиќ – Владислав Чиниук (Украина) 0-5 ТКО Р1½ финале
Сениори
57 кг Ален Рустемовски – Михајло Џекиќ (БиХ) 5-0 ТКО Р2 ½ финале
Финале
57 кг Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина) 23 ноември
60 кг Ружди Рустемовски – Русијан Шилов (Украина) 5-0 ½ финале
Финале
60 кг Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) 23 номеври
71 кг Енис Алиу – Албан Беќири (Албанија) 0-5 ТКО Р2 ½ финале