Фајт тим освоил 17 медали на Државното првенство во кик бокс, а со тоа е најуспешен клуб?!

Тренерот на Кик бокс клубот Фајт тим од Скопје, Тони Стојановски, вели дека на Државното првенство што.во неделата се одржа во  Скопје освоиле 17 медали – 10 златни, 3 сребрени и 4 бронзени. Со овој скор на медали Фајт тим е најуспешен клуб на второто Државно првенство во кик бокс.

Според официјалниот извештај на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ), најуспешен е Шампион од Скопје со 18 медали (9-7-2), токму пред Фајт тим 15 (9-3-3). Како што наведува Стојановски, неговиот клуб има два медала повеќе, а токму златниот медал го прави поуспешен од Шампион.

„Како и што очекувавме, многу медали за Фајт тим. Сите наши натпреварувачи имаа по две борби, некои имаа и по 3 борби и освоија злата. Но, најубаво беше кога другите борци од женска конкуренција, кои требаше да се борат со нашите кикбоксерки, и ги откажуваа борбите. Следен предизвик за Фајт тим е првенство во Црна Гора“, вели тренерот Тони Стојановски.

Вкупно освоени медали   

1.Шампион – Скопје                 18  (9-7-2)
2.Фајт тим – Скопје                   15 (9-3-3)
3.Прокик фемили – Скопје      11 (5-5-1)
4.Тим Зоран – Струмица          11 (3-4-4)
5.Гладијатор – Скопје                 9 (4-3-2)
6.Енерџи – Битола                     9 (4-3-2)
7.Гладијатор – Неготино          8 (4-1-3)
8.Будо – Кавадарци                   8 (2-4-2)
9.Максам фајт – Прилеп          6 (2-1-3)
10.Наско тим – Скопје              5 (4-1-0)
11.Д-Џим – Штип                       4 (2-0-2)
12.Будо – Велес                         4 (1-1-2)
13.Тетова – Тетово                     3 (2-0-1)
14.Стронгест – Аеродром        3 (1-0-2)
15.Гладијатор – Штип              2 (2-0-0)
16.Самурај – Битола                 2 (1-0-1)
17.АС – Делчево                        2 (0-0-2)
18.Горила – Скопје                   1 (1-0-0)
19.Куманово 2006 – Куманово 1 (1-0-0)
20.Тигар – Делчево                  1 (0-1-0)
21.Д- Стронгест – Скопје         1 (0-1-0)

Ова е табелата на КБФМ, дополнета само со еден медал (златен) на КБК Енерџи од Битола.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО