Центарот за боречки вештини „Будо“ од Велес доби плакета за „Најдобра манифестација за 2015 г.“ од Сојузот на спортови на овој град во склоп на манифестацијата „Спортист на годината на Велес“.
Признението е за настанот „Фајт најт чемпион 3“ на кој се одржаа ММА борби во кафез пред 5.000 љубители на боречките вештини.
Сето тоа помина во организација на ЦБВ „Будо“ и неговиот сопственик и тренер Раде Стефановски.
Ipon.mk/В.Д.