Андерсон Силва: Џон Џонс е најдобриот борец во светот (ВИДЕО)

Anderson Silva i Dzon Dzons

Откако стана јасно дека поранешниот шампион во средна категорија, Андерсон Силва, ќе се бори против Мајкал Биспинг стана сигурно дека Бразилецот ќе се сврти кон најдобрите спаринг партнери за да се подготови како што треба. Затоа нема да се чудиме што веднаш се појави видео клип во кој Силва и Џон „Bones“ Џонс одржуваат тренинг сесија.

За сега е јасно дека во април Џонс ќе се бори со Даниел Кормиер во Њујорк, но одржувањето на овој турнир се уште е под знак прашалник.

Силва ќе се сретне со Биспинг за да се врати на победнички пат по две последователни порази од Крис Вајдман и по поништувањето на мечот со Ник Дијаз.

https://youtu.be/bFZIYHiPb0I

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО