Фаик Весели – шампион на Медитеранот

 

Фаик Весели е шампион на Медитеранското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 во Анталија, Турција.

Весели во финалето го совлада домашниот натпреварувач Абдурахим Озер во категоријата до 67 килограмио во У-21.

Доан Османи (-75 кг) е петопласиран во У-21.

Да потсетиме дека Бојан Костов (-52 кг) вчера го освои бронзениот медал во кадетска конкуренција. Петото место го освоија и Владнака Аврамова во кати за јуниори и Јована Манчевска за кадети.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО