Фаик Весели се бореше и за финале и за бронзен медал на СП, а Филип Несторовски поразен за бронзата

Faik veseli slika borba

Фаик Весели се бореше за влез во финалето на Светкото првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта-Индонезија. Весели во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција забележа четири победи, а во полуфиналето е поразен од турскиот репрепрезентативец Абдурахим Озер Омер 6-2. Во борбата за бронзенбиот медал во репасажот се сретна со Јонусуке Минами (Јапонија) и загуби со 6-2.

Весели најпрво со 8-3 го победи Гркот Христос Суфијас Томас, па Михајло Поповиќ од Србија со изјаснување, бидејќи борбата заврши 6-6, за потоа да салви со ист резултат 4-3 против домашниот каратист Виџаја Алвијан Диванга (Индонезија) и Кевин Паукар од Еквадор.

Весели е петти во светот, но може да жали, бидејќи беше на чекор до медалите. Сепак, и ова е голем успех за младиот репрезентативец од Олимпик спорт 2007.

Роберто Ацковски (-63 кг, кадети) забележа две победи против Давид Подсклан од Словачка и Раушан Маураја од Индија со 3-1 и 1-1, но во третата беше поразен од Русинот Асиман Мамедов со 4-0.

Dimitar i Filip nestorovski

Филип Несторовски (- 70, кадети) исто така забележа две победи и во третат загуби од Шпанецот Марк Камачо Торес со 4-2, но има шанса да се поправи во репасажот, бидејќи Торес се пласира во финалето.

Несторовски славеше над Илад Феизрахманов од Русија со 6-3 и Бен Дебортоли од Австралија со 5-1.

Во првата борба во репасажот Несторовски е поразен од Данецот Емил Хаструп со 2-0 и само еден чекор го делеше од битката за бронзениот медал против Шодаи Куга од Јапонија. Така, Филип  е седми на СП во Џакарта.

Вероника Костовска (-53 кг, јуниори) е поразена во второто коло од претставничката на Тајпеј Чинг Хуанг со 3-0, бидејќи во првото беше слободна.

И Моника Пендаровска (-59 кг, јуниори) е совладан во второто коло,однонсо во првиот настап од Италијанката Алесија Папаицо со 4-0.

Давид Петков (-61 кг, јуниори) направи скор 1-1,односно го победи Португалецот Васко Леитао, а загуби од Стефан Илиќ од Босна и Херцеговина.со идентичен резултат 1-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО