Владимир Кличко: Мозокот на Фјури е со големина на орев!

Klicko Fjuri pred mikrofon

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ, ИБО Владимир Кличко (64-3, 53 нокаут), повторно ги коментираше злобните забелешки упатени кон него од поранешниот европски шампион во тешка категорија, Британец Тајсон Фјури (24- 0, 18 нокаут).

„Уморен сум од сето тоа. Ова е одвратно и нема ништо заедничко со надмудрувањето пред мечот. Сите негови зборови, едноставно, ја кажуваат вистинската природа на Тајсон Фјури. Тие докажуваат дека тој има мозок со големина на орев“ – ова е само дел од емоционалниот коментар на Кличко за BoxingScene.com.

Да не заборавиме дека средбата меѓу Кличко и Фјури ќе се одржи на 28 ноември во Дизелдорф, Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО