Фабио Малдонадо со повреда на вратот ќе се бори со Федор Емилијаненко

Fedor pred mikrofon na strajkfors

Ветеранот во средна категорија на УФЦ, Фабио Малдонадо, ќе се сретне со еден од најпрословените гладијатори во тешка категорија, Федор Емилијаненко, на претстојниот настан Фајт најтс, закажан за 17 јуни во Санкт Петербург.

 Сепак, на Малдонадо се уште не му е целосно заздравена повредата во пределот на вратот, но може да очекуваме од гладијатор со прекар „The Iron Hillbilly“ да се справи и со тоа.

 Добрата вест е дека Малдонадо ќе може да ги земе сите потребни лекови за да се врати во борбена готовност, бидејќи за настанот, како и за сите други кои се под капата на Камил Гаџиев, не се одржуваат допинг тестови пред и по средбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО