Страотно-фантастичен удар на Ентони Петис: Се одби од оградата и го погоди во главата – како во филмовите (ВИДЕО)

Entoni soutajm

Ентони Петис – Шоутајм изведе феноменален потег во „ВЕЦ“ дуелот против Бен Хендерсон. Ова е дел од историјата на УФЦ на Топ 20 нокаути од 18 декември 2010 година.

Во желбата што побрзо и поатрактивно да го елиминира противникот, борецот се залета кон оградата од која се одби, а потоа со голема вештина и прецизност, ударот со нога го насочи директно во главата на противникот.

Гледачите уживаа, потегот беше успешно изведен, а противникот падна како покосен во рингот.

Погледнете го видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО