Фабер се врати од пензија и за 46 секунди го среди Рики Симон

Легендата на УФЦ, Уријах Фабер, се врати од пензија по 3 години отсуство и се му се спротивстави на Рики Симон во поднаслованта борба на настанот во Калифорнија. 40-годишниот Уријах ја имаше поддршката во салата во Сакраменто. На почетокот на битката Фабер задава десен оверхенд, а Симон му враќа со лево кроше. Новиот десен оверхенд од членот на Куќата на славните и Симон е на подот.

Уријах се нафрла како избезумен и го опсипува со удири Симон, а судијата интервенира и го прекинува мечот, кој траеше само 46 секунди. Ова е прва победа со нокаут за Фабер од 2006 година и со неа влегува во серија од две последователни победи. Оваа победа е и најбрзата во кариерата на ветеранот кој во 45 борби во ММА победи во 35 од нив.

Во интервјуто по мечот Фабер го прифати предизвикот на Хенри Сехудо и најави дека е подготвен да се бори со него за титулата во петел категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО