Освојувачот на златниот медал на Европското првенство во џиу џицу во Гелзенкирхен, Герамнија, во конкуренција У-12, Давид Дамовски, денеска имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
Но, покрај златниот медал, Дамовски на Блаканското првенство во Кипар го освои бронзениот медал. Со овие резултати Дамовски навестува дека во иднина може да сметаме на успеси и во повозрасните категории.
На приемот во Агенцијата со него беа тренерите Александар Ацевски и Ѓоко Атанасов кој е и дедо на Дамовски, ианку поранешен шесткратен државен првак во џудо на екс-Југославија.
Ipon.mk/В.Д.