Марко Стевиќ: Таеквондото за кратко време ќе стане водечки спорт во Македонија!

marko-setvik-portret

Марко Стевиќ кој на Балканското првенство во Дупница-Бугарија, го освои првиот златен медал за Македонија во сениорска конкуренција во таеквондо, со таеквондо се занимава од 7- годишна возрааст. Таеквондо почнува да тремира во Таеквондо клубот Бутел, кај тренерите Борче Костовски и Дарко Костовски.

Марко до сега имам освоено над 40 медали на меѓународните натпревари. Тоје неколкукратен државен првак, минатата година на Балканското првенство го освои сребрениот медал, исто така во сениорска конкуренција.

marko-stevik-na-piedestal-bp-2016

На Балканското првенство во Бугарија го освои првиот сениорски златен медал за Македонија. Што значи тоа за тебе?

-За мене тоа е огромен поттик да продолжам и да тежнеам кон европски и светски титули. Во исто време сум и горд што на мојата земја и донесов балканско злато во олимписки борешки спорт.

marko-stevuk-so-trenerot-na-bp-2016

Пред првенството помислуваше ли дека можеш да го освоиш најсјајниот медал?

-Секако дека се надевав на првото место, но знаев дека ќе биде многу тешко. Тешко беше, но успеав.

Како стигна до шампионската титула?

-Поминавме пеколно лето. Имавме три тренизи на ден и силни базични подготовки во Охрид.

Имав три борби, секоја беше посебно тешка, но финалната против противник од Црна Гора беше ужасно тешка. Но, како да добив вишок на сила, едноставно, уште во правта рунда забележав во ликот на противникот како да се предава. Сметам дека направив вистинска борба за злато, а тоа бурно се следеше од целата публика.

Кој меч ти беше најтежок?

-Финалниот! Мислам дека го потрошив и последниот атом од мојата сила. Знаете, таеквондо се работи со фул контакт. Имаше многу силни удари и директни контакти коска на коска, но затоа и го сакам овој спорт. Ми беше задоволство да бидам дел од така тешка борба.

marko-i-drugite-medalisti-selfi

Колку на титулата влијаеле твоите родители, кои во последен момент дошле да те гледаат во Дупница?

-Тоа беше големо изенадување за мене. Родителите позитивно влијаеја на мене, особено мојот татко кој е докажан борец, но во една сосема друга работа.

Откако го освои првото место на Балканското, сигурно и амбициите пораснаа. Какви се твоите планови? 

-Секако, медал од Г-1 турнири, од европско и светско првенство.

Може ли Македонија да очекува медал во сениорска конкуренција од европските и светските првенства?

-Секако, да! Има многу голем квалитет во македонското таеквондо што допрва ќе исплива на елитната сцена. Верувам дека таеквондото за кратко време ќе стане водечки спорт во Македонија кога се во прашаење врвните резултати.

Дали ова доволен предизвик да се впуштиш во борбата за обезбедување норма за Олимписките игри во Токио 2020 година?

-Има неколку таеквондисти од мојот клуб и репрезентацијата кои ќе имаат за цел да зиборат олимписка норма за Токио 2020. Јас сум сигурен дека ќе имаме олимпиец со норма во 2020 година, тоа се реални очекувања.

marko-stevik-sam-na-tatami

Како се случи да почнеш да тренираш таеквондо? Дали претходно тренираше некој друг спорт?

-Најпрво почнав да тррнирам кик бокс, но многу рано забележав дека тренерската постава во клубот каде што тренирав е премногу слаба, со минимално знаење и многу лош однос со вежбачите. Мојот брат веќе тренираше таеквондо, отидов на тренинг и се збунив како може во Македонија да постои така добро организиран клуб за боречки спорт. Тогаш почнав со таеквондо и тој спорт стана мојот начин на живеење.

Имаш ли идол?

-Мојот татко.

Дали студираш или работиш?

-Студирам на Правниот факултет, а конкурирав и на огласот на МВР. Сега ги завршувам условите на конкурсот. Моја желба е да бидам дел од специјалните единици на МВР.

Што друго те интерсира освен таеквондото?

-Освен таеквондо тренирам и џудо. Во нашиот клуб тренираме и џудо. Тренерот Дарко Костовски е државен првак во џудо и репрезентативец. Оваа година настапив на јуниорското Државно првенство во џудо и освоив златен медал. Инаку, како и секој млад човек, сакам да се дружам со млади луѓе, но не и да трошам време на безполезни работи. Цврсто сум фокусиран на моите приоритети.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО