Силвестер Сталоне, Бен Афлек, Марк Волеберг меѓу новите косопственици на УФЦ

ronda-rousej-i-mark-wahlberg

ВМЕ-ИМГ/WME-IMG го купи УФЦ за 4 милијарди долари, што е најголемата продажба во светот на спортот.

ВМЕ претставува и низа од најголемите ѕвезди и и понуди да купат мал удел во УФЦ. Објавено е дека најголемите светска ММА промоција има 23 нови инвеститори од светот на забавата и спортот.

Конан О’Брајан во неговото ТВ шоу објави дека ќе стане еден од косопствениците, а му се придружиле Силвестер Сталоне, Марк Волберг, Бен Афлек, Серена Вилијамс, Марија Шарапова, ЛЛ Кул Џ, Венус Вилијамс и Џими Кимел.

ВМЕ-ИМГ сака и повеќе борци да влезат во индустријата за забава, како Ронда Русеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО