Европската шампионка Парулеска и репрезентацијата во традиционално таеквондо имаа прием во АМС

Европската кадетска шампионка во традиционално таеквондо Христијана Паруелска имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Парулеска стана европски шампион во борби и освои сребрен медал во форми/ кати, при што беше прогласена за најдобра кадетка на ЕП.

Пехарот и го врачи Руџиеро Ланоте, организаторот на Европското првенство и претседател на Италијанската теквондо федерација, а честитки за престижната награда Парулеска доби и од претседателот на Европската федерација – ЕИТФ.

Италија беше домаќин на ЕП во традиционално таеквондо, кое од 17-24 април се одржа во Лидо ди Јесоло. На првенството настапија 1200 учесници од 34 европски земји, а нашата репрезентација ја претставија 7 натпреварувачи.

На ЕП учествуваа натпреварувачи од три клуба: ТТК Ахилиус, ТТК Сонкел и ТТК Хва ранг ИТФ, а претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаровски не го криеше задоволството од настапот на сите натпреварувачи, особено од трофејот на Христијана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО