Арјан Исени против олимпискиот шампион Хатаев на СП покажа дека е иднината на македонскиот бокс

Арјан Исени (-80 кг) е иднината на македонскиот бокс. Тој денеска изгуби со сидска одлука од олимпискиот шампиона Имам Хатаев 0-5 на Светското сениорско првенство во бокс кое се одржува во Ташкент, Узбекистан.

Исени влезе во борбата безкомпромисно со Хатаев и покажа дека може да се носи и со најголемите. Не дозволи да биде во подредена улога туку боксираше машки и возвраќаше на секој напад на противникот.

Имајќи ја предвид неговата младост, може да очекуваме големи резултати.

Да потсетиме дека во првото коло извојува убедлива победа против Парагваецот Лино Рамон Руиз Фереира.

Иако загуби во првото коло, и Ален Рустемовски (-57 кг) покажа дека има материјал во него за врвни резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО