Џиу џицу семинар во Скопје со најдобриот тренер во Србија и со светски и европски шампион

Во сабота на 6 мај во Скопје, на покана на Македонската џиу џица Федерација, семинар ќе одржат двајца еминентни гости од Србија – Драган Трајковиќ, најдобриот тренер за 2022 година во соседната земја и неговиот син Филип Трјаковиќ, актуелен светски и европски шампион во џиу џицу.

Тие во Србија го водат Џудо и џиу џицу  клубот „НиФ – Алексинац”. Со нив ќе дојдат дваесетина нивни вежбачи.

Семинарот е бесплатен.

Во недела се одржува Државното првенство за категориите: У8, У10, У12, У14 и У16, а гостите од Србија ќе бидат дел од судискиот состав, заедно со нашите судии ќе се погрижат и ќе помогнат во одржувањето на првенството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО