ЕУ ја осуди егзекуцијата на иранскиот борач Навид Афкари

Европската Унија „најстрого“ ја осуди егзекуцијата на Навид Афкари од страна на иранските власти на 12 септември.

Дваесетиседумгодишниот Афкари беше осуден на смртна казна за убиство на вработен во безбедносните служби за време на протестите во 2018 година. ЕУ останува цврсто на принципот дека смртната казна претставува нарушување на основните човекови права и „ја осудува оваа егзекуција на најстрог начин“, се наведува во реакцијата на дипломатските служби на ЕУ.

„Човековите права остануваат централен дек од нашите односи со Иран. Ќе продолжиме да се залагаме за ова прашање преку нашето локално претставништво во Техеран, како и за индивидуални случаи како оваа егзекуција“, се посочува во соопштението до медиумите.

„Европската Унија се противи на смртната казна „во кои било околности и случаи и без исклучок“, потсетува Брисел.

„Станува збор за сурова и нехумана казна и претставува неприфатливо негирање на човечкото достоинство и интегритет“, е ставот на Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON