Естрада му се освети на Срисакет и го освои појасот на ВБЦ (ВИДЕО)

Хуан Франциско Естрада (39-3, 26 КО) му с ереваншира на Срисакет Сор Рунгвисаи (47-5-1, 41 КО) за поразот во првиот меч и го освои ВБЦ појасот во супермува категорија.

Во првата борба во февруари минатата година во Форумот во Лос Анџелес Тајландецот го победи Естрада со мнозинска одлука.

29-годишниот Мексиканец му се реваншира на истото место и во возбудлив меч пред повеќе од пет илјади навивачи ја освои светската титула во категоријата до 52,2 килограми.

Естрада, кој беше светски шампион во мува категоријата, можебија пружи и најдобрата изведба во неговата децениска професионална кариера и славеше со едногласна одлука на судиите – 116-112, 115-113, 115-113.

Срисакет во мечот влезе со серија од 20 победи и за оваа борба донсе тешко објаснива одлука. Тајландскиот левак во поголемиот дел од борбата се бореше со десен гард и во тие моменти Мексиканецот со леснотија го надбоксува.

Срисакет светски познат стана во март 2017 година, кога прво со мнозинска одлука во Њујорк го победи „Чоколатито“ Гонзалес кој тогаш се сметаше за најдобар боксер во светот, а потоа и го нокаутира во реваншот, шест месеци подоцна.

https://www.youtube.com/watch?v=XgDyYzAV7J0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО