ESPY 2017: Двајца УФЦ и тројца боксерски прваци во трката за најдобар борец на денешницата

Како и претходните и оваа година ќе се доделуваат угледните ESPY награди (Excellence in Sports Performance Yearly Award), а во изборот за најдобар борец ќе се најдат двајца од УФЦ и тројца боксерски шампиони.

Така на овогодишното доделување Конор Мек Грегор (УФЦ шампион во лесна категорија) и Деметриус Џонсон (шампион на УФЦ во мува категорија) ќе ја бранат честа на ММА светот, а конкуренцијата ќе им бидат врвните боксери Андре Ворд (ВБА, ИБФ и ВБО шампион во полутешка категорија), Генадиј Головкин (ВБА Супер, ВБЦ, ИБФ и ИБО шампион во средна) и Теренс Кравфорд (ВБЦ и ВБО првак во полусредна категорија).

Да потсетиме, Мек Грегор уште минатата година за зграбчи наградата во оваа категорија, а на овогодишниот избор ќе биде вклучен и во онаа за најдобр интернационален спортист.

На ММА ѕвездата конкуренција ќе му бидет фудбалерот Кристијано Роналдо, спринтерот Усеин Болт, унгарската пливачка Катинка Хосцу, инаклу трикратниот олимписки шампион и петкратен светски шампион, како и боксерот Канело Алварез кој, интересно, се најде во ова додека изостана од листата за најдобар борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО