Штабот на светскиот првак Антони Џошуа постигна финален договор за меч со Кубрат Пулев, предизвкувач за титулата на ИБФ, објави ЕСПН.
Според информациите, двете стреани се договориле за 28 октомври, а местото е стадионот Милениум во Кардиф. Другата опција е Лас Вегас на 11 ноември и во наредните денови конечно ќе биде потврдена каде ќе се одржи средбата.
The camps for unified heavyweight world titleholder Anthony Joshua (19-0, 19 KOs), of England, and mandatory… https://t.co/eAQrGQygUO
— Dan Rafael (@DanRafael1) August 21, 2017
Како што е познато, Џошуа го освои шампионскиот појас по победата над Владимир Кличко. Џошуа требаше да има реванш меч со Кличко на 2 декември, но Украинецот стави крај на спортската кариера, а Кубрат Пулев стана кандидат за титулата.
https://youtu.be/0QubWFM-qn0
.