Ерисленди Лара му предложи оболог на Алаврез: Поразениот се слика во женска долна облека!

Lara Alavrez soocuvanje

33-годишниот кубански боксер Ерисленди Лара му предложи интересен облог на својот поранешен противник Саул Алаврез, од кого има доста контроверзен пораз со судиска одлука.

Алварез неодамна ја нарече борбата на Лара „досадна“, што го испровоцира Кубанецот да одговори.

„Тој ме нарекува здодевен? Јас би му рекол дека е девојка. Кое е неговото оправдување за Головкин? И тој ли му е досаден?

Алварез е едно расипано дете кое загубило секаква почит кон љубителите на боксот, дури и во својата татковина – Мексико.

Сакам да му предложам облог. Ќе направиме реванш и поразениот ќе направи фотосесија во долна облека со Оскар де ла Хоја“.

Тие имаа една средба во текот на летото во 2014 година, кога Алварез забележа победа со многу контроверзна судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО