Светскиот шампион во тешка категорија ИБФ, ВБО и ВБА, Ентони Џошуа, го предупреди поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, да биде внимателен во говорот.
Само пред година ипол, можната борба помеѓу Џошуа и Вајлдер беше најкоментираниот и најочекуваниот настан во боксерскиот свет, но Тајсон Фјури го исфрли Американецот од игра. Барем за малку.
Сега кога Бронзениот бомбардер се врати на хоризонтот, па дури доби и трет меч со Фјури, гласините за тоа кој е кој, кога и каде започнаа повторно. 31-годишниот Британец во специјалното интервју за Скај спорт изјави дека Вајлдер не е дел од елитата во тешка категорија и дека порано или подоцна двајцата ќе се соочат.
„Јас сум дел од елитата, не како слабите што ги нокаутира Вајлдер“, рече Еј Џеј.
„Подобро би било да внимава што ќе каже, затоа што кога еден ден ќе се сретнеме во рингот, знам што ќе бидам и за што сум способен. Тој не е врвен боксер, не е дел од елитата.
„Никогаш не сум видел борец да војува само со едно оружје – десната рака. Да, во тешка категорија сè може да се реши со еден удар, но кога ќе се стигне на врвот, тоа е крајно недоволно.
Сами видовме дека кога тој се соочува со елитни противници, работите не одат за него. Мојата биографија зборува за себе. Се борев со старата школа, се борев со новото. Вајлдер треба да знае дека има многу луѓе што чекаат да го шутнат неговиот задник“, додаде Британецот, кој започна со подготовките за неговиот мњч со Александар Усик.