Ентони Џошуа нема намера да прифати милионска сума за да се откаже од реваншот против Усик

Британскиот боксер Ентони Џошуа ги демантираше информациите кои се појавија во медиумите во понеделникот наутро дека ќе прифати 18 милиони евра за да им дозволи на Тајсон Фјури и Александар Усик да се борат за апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Наводно би требало да добие висока сума ако го отвори патот за преговори за судир меѓу Фјури и Усик за обединување на титулата.

„Џипси кинг“ го сака тој меч, но Џошуа има договорено право да бара реванш против Усик, кој го победи кон крајот на септември и го зеде шампионскиот појас на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

Во објава на социјалните мрежи Ентони ги отфрли сите тврдења дека видел некаков договор или потпишал нешто.

„Слушам како се зборува дека ќе прифатам 18 милиони евра и ќе се откажам од реваншот против Усик. Ниту сум видел некаков договор, ниту сум потпишал нешто“, изјави Ентони Џошуа и продолжи:

„Престанете да слушате глупости. Доволно сум паметен за да носам свои одлуки. Ако сакате да знаете нешто за мене, тогаш прашајте ме и слушнете што ќе ви кажам. И кога ќе ти кажам нешто тогаш тоа е реално. Моите одлуки се секогаш паметни и промислени“.

Се чини дека Ентони Џошуа е целосно посветен на реваншот против Александр Усик, кој на лондонскиот спектакл на 25 септември му ги зеде четирите шампионски појаси.

Тајсон Фјури би можел да победи на средбата против Дилиен Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО