Ентони Џошуа со 14-ти последователен нокаут за 97 секунди (ВИДЕО)

entoni dzosua

Ентони Џошуа (Англија) ја забележа 14-от последователен нокаут во 14 борби. Талентот во тешка категорија му го нанесе првиот пораз во кариерата на Гери Корниш (Шкотска) на галавечерта во Лондон. Дуелот заврши за само 97 секунди. Џошуа два пати го прати во нокдаун својот противник пред да биде прекинат мечот. Олимпискиот шампион во супертешка категорија ја освои титулата на Комонвелтот и најави дека ќе се врати на рингот во декември. Негов ривал ќе биде другиот непоразен боксер Дилијан Вајт, кој има победа над Џошуа во аматерска конкуренција.

Веќе неколку месеци наназад двајцата не се симнуваат од страниците на спортските весници и постојано разменуваат остри зборови. Вајт исто така настапи на галавечерта во Лондон. Тој во третата рунда го нокаутираше американскиот ветеран Брајан Минто -Ѕверот.

https://youtu.be/lpwLYrYpPSg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО