Макар и што патува за Рио де Жанеиро, само за да ги поддржи сонародниците од тимот на Велика Британија на Олимписки игри, златниот медалист од Лондон 2012, Ентони Џошуа, најде време и за тренинг.
Светскиот шампион во бокс во тешка категорија одржа заеднички тренинг со УФЦ легендата, Жуниор дош Сантош, притоа не пропуштија прилика за пријатна да се дружба на плажа.
Жуниор дош Стантош не ја криеше почитта спрема Џошуа, велејќи во Инстаграм:
„И досега многу му се восхитував, но сега тоа го правам дури и повеќе. Многу пријатно момче. Ви посакувам се најдобро, шампиону“!
Дош Сантош носител на појасот на УФЦ во тешка категорија меѓу 2011 и 2012 година, додека Ентони Џошуа се подготвува во ноември за нова одбрана на светската титула на ИБФ.
Ентони Џошуа и Жуниор дош Сантош можат да се пофалат со вкупно 29 нокаути во кариерата до овој момент.