Тајсон Фјури сака борби со Џошуа и Вајлдер во 2017 година

Tajson Fjuri vo trenerka seedi

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсин Фјури, повторно на социјалната мрежа Твитер потсети дека е „жив“, кажувајќи импресивни планови за 2017 година.

Подготвувајќи се за вториот меч со Владимир Кличко во октомври, Фјури изјави дека следната година би имал желба да се бори и со останатите двајца светски шампиони во категоријата – Ентони Џошуа и Дионтеј Вајалдер.

„Оваа година во октомври кучката Влад, во март 2017 бодибилдерот AЏ, во текот на летото на 2017 шупливиот Вајлдер. Ајде да го направиме тоа, ајде да танцуваме пи.ки“, напиша Фјури на Твитер.

Се очекува втората средба меѓу Фјури и Кличко да се одржи на 29 октомври, иако се уште ништо да не е официјално потврдено. Тие требаше да се борат на 9 јули, но средбата пропадна поради повредата во глуждот на британскиот боксер.

Фјури беше обвинет и за употреба на забранети стимуланси од Британската антидопинг агенција, така што претстои сослушавање по истрагата за случајот. Фјури категорично ги отфрла обвинувањата на негова адреса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО