ОИ Рио 2016: Шампионот во тешка категорија Евегниј Тишченко исвиркан (ВИДЕО)

Tisceno i Levit na piedestal

Новиот олимписки шампион во тешка категорија, Евгениј Тишченко, е исвиркан во Рио де Жанеиро по освојувањето на златниот медал.

Публиката во салата, како и сите што ја видоа борбата, беше јасно дека титулата олимписки победник треба да му припаднена неговиот противник Василиј Левит.

28-годишниот Казахстанец ги избриша солзите и го прифати сребрениот медал проследен со аплауз од публиката. Свиркањето беше зачувано за момент кога Тишченко го примаше златото.

Достоинствениот Левит и даде знак на публиката да го поздрави новиот шампион, а по доделувањето рече: „Јас дојдов за злато, но паднав на последната препрека, така што 100 отсто не го исполнив зацртаното, но тоа е животот“.

„Секој борец кој влегува во ринг заслужува почит“, ги објасни своите постапки пред бесната арена.

„Во главата си мислев дека победив јас и тренери беа прилично среќни со мене и ми рекоа дека сум направил се што планиравме за бората, но видовте како заврши“.

Тишченко минатата недела изјави дека подготовките за Олимписките игри му биле отежнати поради рускиот допинг скандал, не беше сигурен дека ќе патува за Рио на само неколку дена пред почетокот на Игрите.

И по освојувањето на златото не можеше да се одмори и многу брзо се умори одговарајќи на прашања, дали мисли дека заслужува да биде олимписки шампион.

„Штета што од трбините така реагираа, но, можеби од страна, од друг агол, тоа изгледаше поинаку“, изјави Рускинот.

Тишченко рече дека многу е разочаран пораи тоа што е исвиркан на пиедесталот.

„Навистина сум вознемирен поради тоа, затоа што ги почитувам својот противник и публиката, но не знам зошто толку навредливои свиркаа“.

„Но, ако судиите ми ја дадоа победата, имале причини за тоа“.

Во борбата Тишченко не можеше да го држи Левит на растојание, кој беше многу подобар во борба од блиску, а можеби беше подобар и во сите три рунди.

Бронзените медал во тешка категорија ги освоија Рустам Тулаганов од Узбекистан и Ерисланди Савон од  Куба.

https://youtu.be/wgjBQM2ctJM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО