Ентони Џошуа го совлада Карлос Такам во 10-тата рунда

Ентони Џошуа не дозволи изненадување во одбраната на светските титули на ВБА, ИБф и ИБО и го совлада француско-камерунскиот боксер Карлос Такам со прекин во 10-тата рунда, забележувајќи ја 20-тата победа во кариерата во Кардиф пред 70 илјади гледачи.

Судијата ја прекина борбата поради повредите на двете аркади и силната серија на удари во оваа рунда. Такам и неговиот тим не ја прифатија оваа одлука на судиите.

Проблемите на Такам почнаа во четвртата рунда кога се најде во нокдаун и го спаси ударот во гонгот. И петата беше критична, при што заработи повреда на аркадата, но некако Такам успеа да се извлече.

Потоа следеа рутински борби во наредните рунди со доминација на Џошуа.

Потоа Џошуа изјави дека за следен противник го посакува Дионтеј Вајлдер на негов терен во Велика Британија, а потоа и Џозеф Паркер.

https://youtu.be/Heuz9hyhWg4

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО