Дилиен Вајт го победи Хелениус

Дилиен Вајт (22-1, 16 КО) во воведниот дел на настанот Џошуа-Такам во Кардиф го совлада Роберт Хелениус (25-2, 16 КО).

Финскиот двометраш се движеше до половината на третата рунда и успеваше со директи да го држи противникот на дистанца и да ги избегнува неговите крошеа. Понискиот Вајт со удари во телото го успори Хелениус и убедливо ги добиваше рундите, но не успеа да го заврши.

Славеше со едногласна одлука – 119-109, 119-109, 118-110 и ја освои испразнетата титула на ВБЦ, сребрениот појас, во тешка категорија.

Олимписката шампионка од Лондон, Кејти Тејлор (7-0, 4 КО) ја освои титулата на ВБА во лесна доминирајќи против бранителката од Аргентина Анахи Санчез (17-3, 9 КО). 31-годишната Ирка со удар во телото ја соборуваше противничката во втората рунда, а на крајот славеше убедливо со одлука на судиите за сите картички – 99-90.

Калид Јафаи (23-0, 14 КО) по втор пат ја одбрани титулата во ВБА  во супермува категорија победувајќи го со едногласна одлука (118-110, 116-112, 116-111) јапонскиот предизвикувач Шо Ишида (24-1, 13 КО).

Френк Булигони (21-2-1, 15 Ко) ја одбрани титулата на британски шампион во полутешка категорија победувајќи го на бодови Крег Ричардс (10-1, 4 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО