Ентони Џошуа: Ги сакам сите 5 појаси на светски шампион!

Боксерската ѕвездата во тешка категорија, Ентони Џошуа (20-0, 20 KO), призна дека преговорите за мечот со шампионот на Светската боксерска организација (ВБО) Џозеф Паркер (25-0, 18 КО) се во финална фаза. Во моментов Џошуа држи 3 од 5-те шампионски појаси кај тешкашите (ВБА, ИБО и ИБФ), а неговата желба е да стане првиот боксер кој ги поседува 5-те титули.

„Мојата желба е да боксирам за останатите шампионски титули. Сега имам 3 појаси, ми преостанува да освојам уште два. Сакам наскоро да ја освојам четвртата титула и таа да е на Светската боксерска организација (ВБО)“, изјави Џошуа за БиБиСи за судирот со Паркер, кој треба да се одржи во март 2018 година.

„Преговорите се тешки, но нема да дозволам тоа да ми попречи да ја исполнам својата цел, имено, да постигнам нешто историско, освојувајќи ги 5-те појаси – нешто што никој не го постигнал пред мене. Она што можам да кажам е дека во моментот преговорите со Џозеф Паркер веќе 95 отсто се завршени“, дополни Британецот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО