Енди Руиз: Си го остварив сонот, тоа е мексиканската крв

Новиот крал на тешката категорија во професионалниот бокс Енди Руиз Јуниор не ја криеше радоста, по изненадувањето за навивачите и експертите, победа со технички нокаут над непоразениот до овој момент Ентони Џошуа во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. Тој зборуваше веднаш по мечот на рингот, каде што доби честитки од неговиот поразен ривал.

„Сакам да му се заблагодарам на Господ што ми ја даде оваа победа, без него тоа немаше да биде можно. Се чувствувам навистина добро, го исполнив сонот, многу работев за ова. Благодарение на сите, на штабот, моето цело семејство. За прв пат ме собори во третата рунда, но веднаш му вратив со нокдаун. Продолжив напред, затоа што во мене има мексиканска крв, тоа е мексиканскиот стил по третата рунда. Сакав да го следам, напаѓам, внимавав на тактиката и нештата се сменија. Се разбира, очекувам да има реванш“”, рече мексиканскиот боксер.

Џошуа го зеде микрофонот и му ја оддаде должната почит на ривалот.

„Голема почит, Енди, добар боксер си, и благодарам на Америка, и благодарам на сите, жалам што што ги изневерив моите фанови. Тоа е добро за телевизијата, нели“, коментираше Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО