„Охрид опен 2019“ нова приказна во македонското таеквондо, Бутел еден од најуспешните клубови

Вчера во стартуваше првото издание на националниот таеквондо турнир „Охрид опен 2019“.

До комплетирање на целосните резултати ќе нагласиме дека ТКД Бутел е еден од најуспешните клубови со 23 медали – 13 златни, 7 сребрени и 3 бронзени. Филип Стаменов е борец на денот.

ТКД Кобра освои 6 медали – 4 златни, 1 сребрен и 1 бронзен.

Пред почетокот на турнирот се обрати д-р Борче Костовски, претседател на Македонската таеквондо федерација, кој испрати огромна благодарност до организаторот на турнирот, клубот Хваранг фист од Охрид.

„Клубот е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација. Мора сите заедно да го промовираме овој спорт. Виновник за овој турнир е првиот човек на клубот е Ацо Јосифоски, V дан, Светски семиконтакт и европски Таеквондо шампион и повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства“, истакна Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО