Судиската одлука ја засени големата женска борба на настанот Џошуа – Руиз

Запамтете ги овие имиња – Делфин Персон (43-2, 18 КО) и Кејти Тејлор (12-0, КО) и понудија на гледачите во „Медисон сквер гарден“ една од најголемите боксерски борби на деценијата и сигурно ги задоволија и најпребирливите љубители на гладијаторскиот спорт. Двете шампионки се впуштија во битка за обединување на четирите шампионски појаси во лесна категорија и ги натераа мажите пред нив да изгледаат како лигловци со прикажаното на рингот.

Делфин Персон очигледно го доби мечот, што во никој случај не треба да значи дека Кејти Тејлор не заслужува пофалби за настапот, бидејќи дуелот беше одличен за гледање. Само тројцата судии се поведоа по прогозите на букмејкерите и по врската со организаторите – девојката на Еди Херн ја добие победата со одлука на судиите 96-94, 96-94 и 95-95.

Ирката Тејлор може да се споредува само со Конор Мек Грегор по популарност меѓу спортските ѕвезди, а веќе е шампионка на четирите светски федерации, освојувајќи го и појасот на ВБЦ, кој и припаѓаше на Персон.

Белгијката беше шампионка на ВБЦ цели шест години, а поселден пат загуби во ноември 2010-тата, а се чувствува дека е сосема ограбена во Медисон сквер гарден, бидејќи го направи мечот на живот и заслужи да собере целата слава.

Борбата беше фантастична во однос на темпото и постојаните размени, бидејќи Персон имаше 5 сантиметри предност опсегот на рацете, но направи да изгледаат многу повеќе во рингот, а во исто време често влегуваше во клинчови и доминираше во нив. Тејлор и го повреди левото око во почетокот на битката со контра кроше, а отокот се зголемуваше во текот на дуелот, но Белгијката не престана да напаѓа и да менува гардот, постојано притискајќи ја противничката. Персон успеа последователно да ја раскрвавува противничката и особено во последната рунда да пласира тешки удари, со кои ја разниша.

За жал, судската одлука ја засени битката, но квалитетот, интригата, темпото и бројот на разаменети удари беше импресивен и најмала рака Белгијката заслужува моментален реванш, кој што навивачите на боксот сигурно ќе го очекуваат со нетрпение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО