Енди Руиз ќе се соочи со Луис Ортиз, откажана борбата со Спонг

Страшно интересен меч од најгламурозната боксерска категорија ќе има налето.

Само неколку дена откако „Трилер фајт клуб“ објави дека поранешниот светски шампион Енди Руиз ќе се врати во рингот против Тајрон Спонг, голем број американски медиуми сега пишуваат дека Мексиканецот ќе има уште еден противник. И тоа каков!

Руиз Јуниор ќе ги одмери силите со поранешниот предизвикувач за светска титула Луис Ортиз, но се уште не е познато кога и каде ќе се одржи ѕвездениот судир.

32-годишниот Мексиканец требаше да се соочи со Спонг на 16 јули во Мексико Сити, но сега излезе дека Уништувачот веќе потпишал договор со Кинг Конг.

43-годишниот Кубанец е седум години постар од Спонг, но боксерските способности на Ортиз се неспоредливо повисоки од оние на холандскиот кик-боксер.

Трилер се осврна на ситуацијата и рече дека не знаеле дека Руиз има договор со Ортиз и дека од нивна гледна точка нема да има пречки за презакажување на распоредот.

За мечот меѓу нив се зборува долго време и се чини дека навивачите конечно ќе добијат квалитетен и осмислен бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО