Во Битола се одржа полагање за лиценци за нови тренери и за мајсторски појаси во реално аикидо (ФОТО)

Вчера во Битола се одржа полагање за лиценци за нови тренери (по подолга пауза заради пандемијата). Се одржа и полагање за мајсторски појаси 1-ви и  2-ри дан, кандидатите беа претставници од КРА Нико од Кочани.

Нови тренери кои се стекнаа со лиценци се: Петар Ристески (Пелистер), Далибор Јошевски Пецарски (Пелистер), Оливер Серафимов и Љупка Јорданова (КРА Нико – Кочани) и Томе Кузмановски (Пелистер).

Со мајсторски-црн појас 1-ви дан се текнаа: Анѓа Гицова, Оливер Серафимов и Љупка Јорданова – сите од  КРА Нико. Со 2-ри дан се стекнаа: Станче Минов, Кирил Јованов и Кирил Апостолов.

Полагањето за лиценци се одржа под покровителсрво на Аикидо федерацијара на Македонија-реално аикидо и техничка организација.на Аикидо клубот Пелистер од  Битола.

Комисијата ја сочинуваа: Ана Врачаревиќ – аикидо мајстор 9 дан – претставник на ВЦРА (Светскиот центар за реално аикидо), Ѓуро Илиќ  – 8 дан и Дејан Чавкоски – 5 дан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО