Енди Руиз Јуниор тврди дека повторно преговара со Дионтеј Вајлдер

Сите се согласуваат дека тешката категорија има одлични боксери кои би можеле да понудат интересни и атрактивни мечеви, но во последните години ваквите борби можеме да ги изброиме на прсти.

Една од нив беше потенцијалната борба меѓу Дионтеј Вајлдер и Енди Руиз Јуниор, која сè уште не е договорена.

Руиз во неодамнешното интервју потврди дека неговиот тим ги продолжил преговорите со Бронзениот бомбардер.

„Сакам да се борам со Вајлдер во декември, но не знам дали тоа ќе се случи. Вистина е, повторно преговараме. Мечот против Вајлдер единствено сега има смисла. Го сакам тој меч, го сонувам“, изјави Енди Руиз и додаде:

„Многумина мислат дека ќе ме нокаутира и тоа многу брзо. Но, на сите мора да им е јасно дека овој буцкаст Мексиканец никогаш не се откажува. Ако ме собори, ќе станам. На крајот ќе победам во оваа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON