Френсис Нгану: Влегував во долгови за да се борам во УФЦ

Преселбата на Френсис Нгану од УФЦ во ПФЛ предизвика интересни реакции во светот на ММА.

Неговото заминување од УФЦ во голема мера се должи на споровите за договор со организацијата. „Предаторот“ не беше задоволен од платата што ја добиваше. Нгану сакаше и боксерски борби, што не му одговараше на Дана Вајт.

Во последните три години Нгану имаше само по 1 борба годишно. Тој тврди дека за ова е виновна УФЦ, па на тој начин се обидува да го принуди повторно да потпише со нив.

Френсис изјави дека морал да позајми пари за да си го финансира тренинг кампот. Нгану сега се подготвува за боксерски меч со Тајсон Фјури, кој треба да се одржи на 28 октомври во Саудиска Арабија.

Сепак, тој не ги заборави тешкотиите во УФЦ и реши да се потсети на нив:

„Воопшто не постигнавме договор. Бев финансиски затегнат. На ова ниво очекував да се борам барем два-три пати годишно, а потоа доаѓам до точка да имам една борба. Немав ништо.

Така, имав ограничен приход. Потоа почнав да позајмувам пари. Уште пред борбата со Стипе, морав да се јавам да побарам аванс за да го финансирам мојот тренинг камп.

Немав пари, но тренирав и се подготвував“, изјави Нгану.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО