Енди Руиз Јуниор го бара следниот противник, меѓу кандидатите е и Филип Хрговиќ

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Енди Руиз Јуниор, сака навивачите да го изберат неговиот следен противник откако со одлука во неговиот последен меч во септември во елиминаторски меч за појасот на ВБЦ го победи 43-годишниот поранешен двократен предизвикувач за светската титула Луис Кинг Конг Ортиз.

Руиз (35-2, 22 КО) се надеваше дека ќе се бори со Дионтеј Вајлдер во последната елиминациска борба што ќе му го даде предизвикувачот на шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, но тоа нема да се случи.

Имено, Бронзениот бомбардер оди во друга насока и се поизвесно е дека неговата следна борба би можела да биде против Ентони Џошуа.

Американско-мексиканскиот борец на тој начин испадна од кругот на потенцијалните противници на Вајлдер, а следната борба ќе мора да ја бара против некој друг.

Енди Руиз имаше само две борби по поразот од Џошуа во декември 2019 година. Тој се врати во рингот во мај 2021 година со победа против Крис Ареола, а минатата година го совлада Луис Ортиз.

„Кој е следен?“ прашува Енди Руиз Јуниор кој навивачите сакаат почесто да го гледаат во рингот.

Се појави и список на потенцијални ривали на Руиз, а меѓу нив на прво место е Хрватот Филип Хрговиќ.

На таа листа се и Џаред Андерсон, Луис Ортиз (реванш), Иван Дичко, Тони Јока, Џо Џојс, Френк Санчез, Арсланбек Махмудов, Џозеф Паркер, Ото Валин, Мартин Баколе и Жилеј Жанг.

Промотерите на Енди сериозно ќе ја прочешлаат таа листа и ќе го изберат совршениот противник за својот боксер.

Руиз не ја крие желбата повторно да го нападне светскиот шампионски појас.

Ако навистина наскоро освои привремен појас, тој би можел да бара меч против победникот во борбата за титулата Фјури-Усик, која треба да се одржи во првата четвртина од оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО