Ник Дијаз тренира во институтот на УФЦ

ММА легендата Ник Дијаз напорно тренира пред враќањето во кафезот.

39-годишната ѕвезда од Калифорнија избра да тренира во институтот на УФЦ во Лас Вегас. Организацијата со тоа се пофали на социјалните мрежи. Официјалниот профил на УФЦ сподели неколку фотографии на кои се гледа како Ник тренира. Моментално се подготвува за камбек оваа година.

Дијаз е категоричен дека ќе биде на високо ниво и е подготвен да се бори за титулата во средна категорија. Ник има 26-10-2 во ММА и е во серија од 3 порази. Последен пат се бореше со Роби Лоулер на крајот на 2021 година. Дијаз загуби од ТКО во третата рунда.

Така влезе во серија од 3 последователни порази и нема победа од 2011 година. Ник беше надвор од кафезот 6 години. Останува да видиме кој ќе биде избран за противник при враќањето оваа година.

Еве како тренира Дијаз:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО