Скот Кокер истакнува дека Белатор моментално ги има најдобрите борци во историјата на промоцијата

Интересен настан за боречки вештини се одржа меѓу Белатор и Ризин во Јапонија на Нова година. Се натпреваруваа најдобрите борци, а на настанот доминираа борците на Белатор, кои извојуваа пет победи.

А.Ј. МекКи со едногласна одлука го победи Роберто Сатоши де Соуза, Патрисио Питбул Фреире на ист начин го победи Клебер Коике Ербст.

Кјоџи Хоригучи беше подобар од Хиромаса Оугикубо, Гаџи Рабаданов го совлада Коџи Такеда, а во прилично израмнет меч Хуан Арчулета со поделена одлука го совлада Су Чул Ким.

Претседателот на Белатор, Скот Кокер беше задоволен по перфектните 5-0!

„Желбата ми се исполни – 5-0! Среќен сум затоа што победија моите борци. Малку беше неизвесно на последниот натпревар бидејќи ми се чинеше дека Мекки во неколку ситуации ќе му се предаде на Де Соуза. Беше стресно да се гледа таа борба. Мило ми е што А.Ј. направи се за да победи. Во секој случај, целиот настап беше интересен“, истакна Скот Кокер и додаде:

„Во последните неколку години борците на Ризин напредуваа. Но, морам да истакнам дека Белатор моментално ги има најдобрите борци во историјата на промоцијата. Имаме борци во сите тежински категории кои можат да се натпреваруваат во УФЦ. Имаме одличен список и борци кои можат да се борат со секого во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО