Енди Руиз до Вајлдер: Дебел сум, но ќе ти го смирам задникот

Енди Руиз се закани дека ќе го „понижи“ Дионтеј Вајлдер.

Руиз (35-2, 22 КО) ги искористи социјалните мрежи за да го предизвика Вајлдер (43-2-1, 42 КО), кој реши да го отфрли. Во последно време многу се зборува за оваа борба која обожавателите сакаат да ја гледаат. За жал, Руиз побара повеќе пари, поради што Вајлдер се повлече.

Дионтеј тврди дека персоналот на Руиз бара 25 милиони долари. Високите финансиски барања го натераа и Тајсон Фјури да одбие борба со Руиз. Сега и Вајлдер се откажува, но Руиз реши да го предизвика со видео.

„Динтеј Вајлдер, ти си лут, леле. Човече, зошто си лут? Само затоа што татко ми се обидува да се грижи за мене? Тој го сака најдоброто за мене и се обидува да ми добие колку што може повеќе пари.

Ајде, нема причина да се лутиш поради тоа. Зборуваш колку сум дебел, дека имам кратки раце. Така мислат сите додека не ме сретнат во рингот. Погоди што?

Ова дебело дете ќе ти го смире задникот. Ајде да го направиме тоа“, рече Руиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО