Во почетокот на минатиот месец Дмитри Смољаков, кој е поранешен борец на УФЦ, го опсипа со критики Александар Емелијаненко. Смољаков го срамни со земја и му посака борба со него до смрт. Дмитри тврдеше дека Александар силувал многу жени во Русија, но се спасил, затоа што тоа го направил со син на висок функционер во Санкт Петербург.
Смолјаков е со скор во ММА од 9-4 и минатата година беше ослободен од УФЦ, откако се претстави во трагично издание против Грег Харди, Дана Вајт веднаш го исфрли од организацијата. До денес, Дмитри е во серија од два последователни порази и доби само една од последните пет борби. Тој забележа четири порази во УФЦ, а Александар не е воодушевен од него. Неодамна во едно интервју, Емелијаненко реши да му посвети внимание на својот критичар.
„Дури и не знаев кој е Смољаков. Ми кажаа дека некој некаде нешто зборува за мене на Интернет. Прашав: „Кој е овој Смолјаков?“ Сега излегува Дана Вајт се смее на овој Смољаков. Како влезе во UFC? Вајт рече: „Сите ли се такви во Русија?“ Смољаков е срам за руското ММА. Тој исто така сакал да се бори со мене.
Тој е ужасно чудовиште. Нека остане дома и нека си ја гледа работата. Не знам кој е тој, никогаш не сум слушнал за него. Зборуваат за мене, за да предизвикаат реакција од мене. Почнуваат да кажуваат нешто, а потоа ми поставувате прашања за нив. Не сум го видел во животот, не знаев кој е Смољаков“, рече Александар Емилијаненко.
https://www.instagram.com/p/B9–RMsjXYb/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B990HwBKjQl/?utm_source=ig_embed