Емил Павлов сопрен на патот до медалот од Ферзалиев

Emil borba finale

Емил Павлов на патот до медалот на Светското првенство во Линц, Австрија, сопрен од Азербејџанецот Фридовси Ферзалиев, кој славеше со 1-0 во четвртфиналето.

Претходно Павлов ги победи Максимилијано Лароса од Уругвај 6-2, Хо Ли Чун од Хонг Конг 3-0 и Пинто Гонцало од Португалија 2-0.

Нашата најголема надеж ја изгуби можноста да се бори за медал преку репасаж, бидејќи Ферзалиев во полуфиналето е поразен од Геофреј Беренс од Холандија со 1-0.

Сара Радичевска (-50 кг) загуби од противничка која досега ја победувала три пати, Хрватката Моника Берулец 0-2.

Денеска Симона Заборска (-55 кг) стигна до четвртфиналето каде што на изјаснување (0-0) беше совладана од Сални Сјакила од Малезија, откако претходно забележа три победи против Вероника Халодова –Чешка 4-0, Илаха Гасимова – Азербејџан 1-0 и Бренди Робинсон – САД 3-0.

Симона ја изгуби можноста во репасажот да се бори за бронзениот медал, бидејќи Сјакила беше поразена во полуфиналето.

Наташа Стефановска (-61 кг) забележа победа и пораз. Ја совалада Клаудија Ионита од Романија со 3-1, а беше поразена од Жаклин Фактос од Еквадор 3-4. Но, нашата каратистка е оштетна од судиите, по водството од 3-0 судијата ја прекинува борбата, а Фактос и задава удар кој е бодуван со ипон, при што изостанала реакцијата од наша страна со челинџ, затоа што претходно бил сикористен – неуспешно, а по жалбата одговорот бил негативен. Да  имаше можност за челинџ,  поенот можел да биде поништен.

Ненад Келебиќ (-67 кг) забележа две победи , а во трерто коло беше поразен.

Келебиќ ги победи  Ханг Лау Чи од Хонг Конг со 4-0 и Фахад Алхатами од Саудиска Арабија 0-0 со судиско ијзаснување, а беше поразен со 2-0 од Белорусинот Валери Паруха.

Така и вториот ден продолжуваат неуспешните настапи на нашите каратисти на Светското првенство откако вчера Жарко Арсовски, Петар Спасеновски, Енес Смаилагиќ и Пуликсенија Јованоска не оставрија некој резултат, освен пласман во второто коло.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО