Блесок на Симона Заборска, Павлов со две победи засега на Светското првенство

Simona Zaborska na SP studenti 2016

Симона Заборска (-55 кг) покажа најмногу од македонските каратисти во овие два дена на на Светското првенство во  Линц, Австрија, таа стигна до четвртфиналето каде што на изјаснување (0-0) беше совладана од Сални Сјакила од Малезија.

Заборска забележа три победи против Вероника Халодова –Чешка 4-0, Илаха Гасимова – Азербејџан 1-0 и Бренди Робинсон – САД 3-0.

Симона има надежи преку репасажот да се бори и за бронзениот медал под улсов Сјакила да се пласира во финалето.

Наташа Стефановска (-61 кг) забележа победа и пораз. Ја совалада Клаудија Ионита од Романија со 3-1, а беше поразена од Жаклин Фактос од Еквадор 3-4.

Ненад Келебиќ (-67 кг) забележа две победи , а во трерто коло беше поразен.

Келебиќ ги победи  Ханг Лау Чи од Хонг Конг со 4-0 и Фахад Алхатами од Саудиска Арабија 0-0 со судиско ијзаснување, а беше поразен со 2-0 од Белорусинот Валери Паруха.

Нашиот најголем адут, Емил Павлов, извојува две победи над Максимилијано Лароса од Уругвај 6-2  и Хо Ли Чун од Хонг Конг 3-0, во третото коло ќе се бори со победникот на мечот меѓу Португалија и Костарика.

Така и вториот ден продолжуваат неуспешните настапи на нашите каратисти на Светското првенство откако вчера Жарко Арсовски, Петар Спасеновски, Енес Смаилагиќ и Пуликсенија Јованоска не оставрија некој резултат, освен пласман во второто коло.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО