Емил Павлов со златниот медал од ЕП сигурен патник на Светското првенство во Мадрид

Извршниот одбор на Крате федерацијата на Македонија (КФМ) ги донесе критериумите за настап на Светско првенство за сениори во Мадрид 2018. Европскиот шампион со одлука на ИО е првиот каратист што о безбеди место во репрезентацијата за СП.

„ Освојувачот на златото во категоријата -60 кг на Европското првенство во Нови Сад, Србија, Емил Павлов, поради остварениот успех има загарантирано директно учество на Светското првенство во Мадрид“, се вели во одлуката на ИО на КФМ.

Останатите кандидати за репрезентацијата ќе мора да поминат две натпреварувања за место во националниот тим за СП, како прво Изборниот турнир на 1 септември кој е со коефициент 2 и Премиер лигата во Берлин, Германија, 14-16 септември со коефициент 6.

Финансирањето на натпреварувачите за Светското првенство во Мадрид, Шпанија, ќе биде со средства од Агенцијата за млади и спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО