ЕСПН за 1,5 милијарди ги купи телевизиските права на УФЦ

Американскиот спортски канал ЕСПН ќе добие ексклузивни права за емитување на гала вечерите на УФЦ за импресивни 1,5 милијарди долари. Важноста на договорот е пет години. Најмоќната ММА организација на планетата ќе ја задржи правата да продава мечеви по ППГ- принципот.

Во последниве години УФЦ имаше договор со Фокс кој тежеше околу 120 милиони долари годишно, што е двојно помалку.

По објавувањето на импресивните бројки, се очекува да има и зголемување на надоместоците за борците кои и понатму се жалат на ниските примања што и ги исплаќа оваа организација. УФЦ има импресивни приходи од продажбата на билети, но продолжува да ја спроведува политиката на ниски плати за своите ѕвезди.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО