Клучен состанок во Ливерпул: Вајт потврди дека мора да ја реши ситуацијата со Мек Грегор!

Каква е иднината на Конор Мек Грегор во УФЦ? Никој не знае, па дури и главниот човек на промоцијата Дана Вајт. Впрочем, затоа одлучил и да се сретне со својата прва ѕвезда како дел од настанот УФЦ Фајт најт во Ливерпул кој се одржува следниот викенд.

Во интервју за ЕСПН челникот на УФЦ откри дека планира многу важен состанок …

„Ќе седнеме заедно и ќе разговараме за неговата иднина. Ќе видиме кои се неговите планови“,  кратко рече Вајт.

Мек Грегор, се разбира, сега го чекаат правни проблеми за нападаот на автобусот на УФЦ пред УФЦ 223 во Бруклин, САД. На 14 јуни мора да се појави пред судот во Њујорк за да се соочи со обвиненијата. Но, Дана Вајт не сака да зборува за тоа.

„Немам ништо со неговите правни проблеми. Тоа ќе мора сам да си го реши“, додава тој.

Во последниот меч Ирецот на УФЦ 205 го совлада Еди Алварез. Тоа беше во ноември 2016 година, по што веќе не се појавил во октагонот. Единствениот меч што го одработи во 2017 година беше оној боксерскиот против Флојд Мејведер во Лас Вегас. По тоа вети дека ќе се врати во УФЦ, но тоа никогаш не се случи…

„Очигледно е дека мора да си ги реши правните работи во јуни. Летам во Ливерпул овој викенд за да го погледнам настанот таму. Тој и јас ќе се сретнеме во Ливерпул“, заклучува претседателот на елитната организација.

https://www.instagram.com/p/BjIU3SKgMRd/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО