Емил Павлов преплатен на медали – освои бронза на Премиер лигата во Истанбул (ВИДЕО)

Емил Павлов го освои бронзениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција. Во борбата за борнзата утрово го совлада Каизар Алписбаир од Казахстан со 4-1.

Борбата може ТУКА да ја погледнете.

„Емил не напшрави грешка во борбата, изработи се по договореното од моја страна и Жарко Арсовски И едноставно го сруши Казакстанецот“, изјави тренерот и селектор Сашко Арсовски веднаш по борбата.

Следна цел за најдобриот македонски каратист е Државното првенсттво на Македонија и плеј-офот кои се кваликациски натпревари за Европското првенство, а секако главна цел годинава е обезбедување учество на Летните олимписки игри во Токио.

Резултати:

-60 кг
Емил Павлов – Аминга Гулијев (Азербејџан) 3-0
Емил Павлов – Аеф Гаит (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 8-3
Полуфинале
Емил Павлов – Фирдовси Ферзалеив (Азербејџан) 2-5
За бронза
Емил Павлов – Каизар Алписбаир (Казахстан) 4-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО